Обвинувањата за фалсификат Наумовски ќе мора да ги докаже пред суд,порача Дамјановски

25.03.2017 11:15 | KumanovoNews

 Градоначалникот Зоран Дамјановски му порача на претседателот на Македонската кошаркарска федерција Петар Наумовски, наводите во вчершното соопштение дека клубот користел фалсификувани документи ќе мора да ги докаже на суд.

Обвинувањата за фалсификат Наумовски ќе мора да ги докаже пред суд,порача Дамјановски

„Нема повеќе да полемизирам со Наумовски околу целата постапка, дали е политичка или спортска ќе оставам да докаже судот. Само сакам да му порачам дека поради наводите за веродостојноста на документите ќе му поднесам пријава за клевета и навреда на него лично, на Регистрационата комисија пријава за злоупотреба на службената положба, а од Данило Мијатовиќ во приватна тужба ќе бараме надомест на штета што ја претрпе клубот поради неговото заминување, - изјави Дамјановски.

Преписката помеѓу Наумовски и Дамјановски започна откако МКФ му дозволи на играчот на КК Куманово Данило Мијатовиќ еднострано да го раскине договорот и да премине во МЗТ Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk