Од 1 февруари казни и во Куманово за сообаќајни прекршоци снимени со камери

15.12.2025 08:38 | KumanovoNews

Системот за санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ официјално ќе започне со казнување од 1 февруари 2026 година, потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

 

Од 1 февруари казни и во Куманово за сообаќајни прекршоци снимени со камери

Системот беше пуштен во пробна работа во Скопје на 1 декември, а првично беше најавено дека казнувањето ќе започне од јануари 2026 година. Според министерот, во тек е отстранување на сите воочени неправилности, по што возачите свесно ќе придонесуваат за зголемена безбедност во сообраќајот.

Тошковски изрази задоволство од резултатите од тест-периодот, истакнувајќи дека е забележано значително намалување на брзината на движење, како и опаѓање на бројот на сообраќајни незгоди.

„Тест-периодот покажува дека Македонија има сила да биде нормална земја. Граѓаните покажаа дека можат поинаку и дека се однесуваат европски. Намален е бројот на сообраќајни незгоди во Скопје, особено оние со тешки телесни повреди и смртни последици“, изјави министерот.

Граѓаните ќе можат да пријавуваат евентуални проблеми на посебен пункт во управните служби на МВР или преку интернет-страница.

Од февруари, покрај во Скопје, системот „Безбеден град“ ќе започне со работа и во Тетово и Куманово, како и на делници од автопатските коридори 8 и 10.

Проектот има за цел долгорочно подобрување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните несреќи низ државата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk