Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сите годишни даночни обврзници на ддв од 1 јули 2014 година преминуваат во тримесечни даночни обврзници.
За прв даночен период во 2014 година за овие даночни обврзници ќе им се смета периодот од 1 јануари до 30 јуни 2014 година.
Со измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност, се укинува можноста како даночен период да се смета календарска година, поради што сите годишни ддв обврзници од 1 јули 2014 година ќе преминат во тримесечни ддв обврзници.
За првиот даночен период ќе треба да ја платат ддв обврската најдоцна до 25 јули 2014 година.
Даночните обврзници кои ќе преминат од годишни во тримесечни ддв обврзници треба да се прилагодат за електронското пријавување на ддв преку системот е - даноци.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk