Од 3 до 5 сантиметри снег во кумановско

03.01.2019 14:58 | KumanovoNews

Во општините Куманово, Старо Нагоричане и Липково, снежната покривка се движи од 3 до 5 сантиметри.

Од 3 до 5 сантиметри снег во кумановско

На повисоките места и во планинските предели врнежите од снег се поинтензивни, па висината на снегот е поголема. Според раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи(РЦУК) Горан Стојановски, засега нема проблеми во сообраќајот, освен што се одвива по лизгави коловози.

Информациите кои се доставени до нас, екипите задолжени за одржување на улиците и патиштата се веќе на терен и го чистат снегот. Засега патиштата се проодни и нема застој. Единствено на патото Крива Паланка Деве Баир, сообраќајот се одвива со задолжителна зимска опрема, патот е прооден, но препорачлива е голема предпазливост при движењето, - изјави Стојановски.

 Од УХМР најавуваат дека под влијание на многу студена воздушна маса следува период на променливо и студено време со температури, кои на повеќе места ќе се задржат под нула. Утре ќе дува повремено засилен северен ветер и ќе провејува снег. Во јужните делови ќе има повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Повремен слаб снег на места ќе има и во недела.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk