Од Црвен крст ги повикуваат граѓаните да даруваат крв поради недостаток на одредени крвни групи

03.06.2021 19:54 | KumanovoNews

Од општинската организација на Црвен крст Куманово ги повикуваат граѓаните да ја посетат Службата за трансфузиона медицина во Куманово и да даруваат крв, за да се зајакнат резервите на крвни единици, кои периодов бележат надолен тренд и опасност од недостаток на одредени крвни групи.

Од Црвен крст ги повикуваат граѓаните да даруваат крв поради недостаток на одредени крвни групи

Службата за трансфузиона медицина се наоѓа во Општа болница Куманово и прима крводарители секој понеделник и четврток од 8.30 – 14.00 часот.

„Ги охрабруваме сите здрави и подобни лица кои ги исполнуваат условите за крводарување да даруваат крв со цел да се одржи адекватното снабдување со крв за пациентите кои имаат потреба од трансфузија. Нема ризик за добивање на ковид-19 преку процесот на крводарување, бидејќи респираторните вируси не се пренесуваат преку дарување или со трансфузија на крв“, соопштуваат од Црвен крст.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk