Од денеска граѓаните на Куманово можат да аплицираат за субвенции за инвертер клими

10.02.2025 12:25 | KumanovoNews

Од денеска граѓаните на Куманово ќе можат да аплицираат за добивање на 20.000 денари, средства наменети за набавка на клима уреди. Повик ќе трае до 30 октомври, или до исцрпување на предвидените финансиски средства.

Од денеска граѓаните на Куманово можат да аплицираат за субвенции за инвертер клими

За ова мерка Општина Куманово обезбеди 2 милиони денари,  а едно семејство може да добие 20 илјади денари. Тоа значи дека мерката можат да ја искористат 100 домаќинства во градот.

На повикот можат да аплицираат граѓаните кои имаат купено високоефикасен, инвертер клима уред за затоплување од 1 јануари годинава, па се до завршување на повикот. Граѓаните кои ќе аплицираат треба да се жители на општината, досега да немаат користено субвенции или право на поврат на средства за набавка на клими или печки на пелети, без разлика од кој извор, ниту, пак, субвенции за приклучок на гас. Еден од условите е за загревање на домовите да користат печки на јаглен, дрва, нафта или мазут. Уредот за кој се бара субвенција да е целосно исплатен, намонтиран и во употреба во домот на лицето кое аплицира.

Субвенициите ќе се распределуваат по системот „прв дојден, прв услужен“.

За спроведување на повикот ќе биде формирана комисија. Таа ќе спроведува контрола во домовите на субвенционираните граѓани во наредните три години.

Субвенционирање за набавка на клима уреди е со цел да се намали аерозагадувањето во зимските месеци во Куманово. 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk