Од денеска контроли во маркетите ќе се проверува дали се изигруваат законите

29.01.2025 17:26 | KumanovoNews

Контроли во маркетите и во другите трговски објекти, најави премиерот Христијан Мицковски, за да се утврди дали има прекршување на законите во однос на цените.

Од денеска контроли во маркетите ќе се проверува дали се изигруваат законите

Ваквата најава на премиерот доаѓа по најавите на социјалните мрежи за бојкот на супермаркетите поради високите цени.

„Знаете дека за време на вчерашната прес-конференција, на самата иста прес-конференција беа потенцирани два ланци на маркети кои што, од страна на ваши колеги, кои што можеби, според нивното кажување, прават одредени, би рекол изигрувања на законите и процедурите и денеска истите тие ќе подлежат на ригорозна контрола и деновиве коишто следат. Бидејќи според информациите со кои што располагаме, имаме отприлика околу 20.000 коминтенти по ланец супермаркети и ќе треба да длабоко се навлезе во тоа да видиме дали постојат вакви индиции“, кажа Мицкоски.

Тој додаде дека освен ланците супермаркети, и други трговски објекти ќе бидат подложни на ваков тип на контроли.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk