Од денеска матичните лекари ќе препишуваат терапија за 5 хронични болести

24.08.2023 18:55 | Жаклина Цветковска

Од денеска матичните лекари ќе можат да препишуваат лекови за висок притисок, дијабетес, астма, хронична опструктивна белодробна болест, и хипотироидизам, што е во рамките на трансформацијата на примарната здравствена заштита.

Од  денеска матичните лекари  ќе препишуваат терапија за 5 хронични болести

Тоа значи дека пациентите не мора повеќе да закажуваат термин и да ја бараат терапијата за хроничните болести од специјлст што е големо олеснување за нив.

За посочените дијагнози матичните лекари ќе можат да прават и дијагностички процедури, што ќе влијае на раното откривање кај ризичните групи и навремена терапија.

„Трансформирањето на системот на ПЗЗ е во насока на модернизирање и интегрирање на услугите со други области на здравствениот систем, со посебен фокус на хроничните заболувања, како и трансформација на здравствениот систем од дијагностичко ориентиран – во пациент центричен систем.  На овој начин се врши растоварување на секундарното и терциерното здравство, преку засилување на улогата на матичните лекари, како и намалување на административните процедури за препишување на хронична терапија“ , потенцираше министерот за здравство Фатмир Меџити.

Тој  најави дека ќе биде овозможено поголем број лекари од општа пракса да имаат специјализација по семејна медицина, со цел пациентите да добијат што е можно повеќе здравствени услуги на едно место (ЕКГ, ЕХО, доплер, спирометрија, проширен ЛУ1 пакет и сл.)

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk