Од денеска можат да се користат ваучерите за домашен туризам

15.07.2020 11:48 | KumanovoNews

Ваучерите за одмор во домашните туристички капацитети граѓаните ќе можат да ги користат од денеска, 15 јули 2020 година, па се до 15 декември оваа година.

Од денеска можат да се користат ваучерите за домашен туризам

Ваучер од 6.000 денари за користење на домашните туристички капацитети имаат добиено сите вработени граѓани кои имаат приход помал од 15,000 денари. Воедно, и платежна картичка од 3,000 денари која може да се искористи во угостителските објекти  низ државата. Тука спаѓаат хотели, приватни апартмани, бањи, одмаралишта, автокампови и слично.

Министерството за економија ќе им ги исплати средствата на туристичките капацитети врз основа на доставена фактура и месечен извештај за искористените ваучери од страна на граѓаните.

(Д.Д.)


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk