Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги одлучи да ги намали малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,58 %. Еуросупер БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за еден денар по литар, а малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 се намалува за 1,5 денар за еден литар.
Намалување од 0,5 денари/литар има кај малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V), а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,751 денар/килограм и сега изнесува 35,930 ден/кг.
Од денеска максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин Еуросупер БС - 95 70,50 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросеупер БС -98 72,00 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 61,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 61,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 35,930 (денари/килограм).
Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат намалување: бензинот за 3,794%, дизелот за 2,287%, екстра лесното масло за 2,886% и кај мазутот намалувањето е за 2,781%.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,043%, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk