Од денеска се поднесуваат барања за откуп на дворови

09.07.2018 11:37 | KumanovoNews

Од денеска граѓаните повторно ќе можат да поднесуваат барања за откуп на дворови и земјиштето под градени објекти, кое е во државна сопственост.

Од денеска се поднесуваат барања за откуп на дворови

Новиот рок за поднесување на овие барања е продолжен до 31 декември 2021 година. Измените на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост беа објавени во Службен весник на 29 јуни и тоа значи дека од денеска граѓаните ќе може да доставуваат барања за приватизација до подрачните единици на министерството.

Претходно рокот за поднесување на овие барања истече на 15 декември 2014 година.

Со законските измени се продолжува и рокот за поднесување пријава за промена од корисничко право во право на сопственост до 31 декември 2022 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk