Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од денеска во угостителски објекти низ земјава ќе може да се влезе и со сертификат за примена вакцина против ковид-19 и со потврда за прележан ковид.
Проверка на задолжителната потврда за извршена имунизација, ќе ја врши редарска служба при влез во секој објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).
Приложувањето и поседувањето потврда за извршена имунизација – најмалку прва доза вакцина, се однесува на лица над 18-годишна возраст.
Лице ќе може да влегува во угостителски објекти и на настани ќе може и со потврда за прележан ковид, но само во првите 45 дена сметајќи од денот кога оздравело. По завршувањето на првите 45 дена од прележувањето, и за овие граѓани ќе важи дека за влез во објекти треба да приложат серитификат за вакцинација, односно потврда за примена барем прва доза вакцина.
Граѓаните кои од 16 август ќе бидат затекнати во објект или на настан без потврда ќе платат казна од 250 евра, а казната за угостителскиот објект се движи од 2.500 евра до 30 илјади евра, во зависност од големината на објектот, плус 1.500 евра за одговорното лице.
Контролата ќе ја вршат инспектори од Државниот пазарен инспекторат, кои по нивна проценка ќе викнат на помош полициски службеници од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Од 16 август целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетерии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk