Од денеска започнува исплатата на ноемвриските пензии

29.11.2022 11:36 | Оливера Пешевска

Започна исплатата на ноемвриските пензии преку банките, филијалите и експозитурите соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Од денеска започнува исплатата  на ноемвриските  пензии

Пензионерите кои имаат платежни картички  од денеска можат да ги користат  средствата на банкоматите,во малопродажната мрежа или за електронски плаќања.

За оние кои ја подигаат пензијата во готово се врши етапна исплата во четири групи на шалтерите  и тоа:  

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата ќе се изврши на 29.11.2022 година (вторник);

За пензии со висина од 11.001-14.000 денари, исплатата ќе се изврши на 30.11.2022 година (среда);

За пензии со висина од 14.001-18.000 денари, исплатата че  се изврши на 01.12.2022 година (четврток)  и

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата че  се изврши на 02.12.2022 година (петок).

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk