Од експлозија на плинска боца изгоре соба во семејна куќа

11.10.2020 08:12 | KumanovoNews

  Експлозија на плинска боца, предизвика пожар во семејна куќа на ул. 111 во нас. Карпош, во Куманово.

Од експлозија на плинска боца изгоре соба во семејна куќа

  Експлозијата се случила во 16.50 часот, при што била зафатена била само собата на куќата во која се наоѓала плинската боца.

ТПП единица Куманово, со возила и 3 пожарникари интервенирала и пожарот е изгаснат во 17.50 часот. Повредени нема, а причина и висина на материјалната штета допрва ќе се утврдува.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk