Од есен паралелка на албански јазик во Музичкото училиште

23.02.2017 12:50 | KumanovoNews

Учениците-Албанци во новата учебна година ќе посетуваат настава на албански јазик по предметите теорија на музика и солфеж, во основното музичко училиште „Панче Пешев“, откако училишниот одбор изврши промени на статутот, а Советот на општина Куманово ја усвои статутарната измена.

Од есен паралелка на албански јазик во Музичкото училиште

Барањето на родителите за воведување на паралека на албански јазик по теоретските предмети, трае неколку години, но не беше прифатено поради пречки во статутот на училиштето.

Поради тоа беа организирани и протести пред општината, бидејќи учениците не сакаа да учат на македонски јазик.

Советниците од албанскиот блок на партии, најавија дека ова е само почеток, па многу скоро ќе побараат во училиштето да се воведе настава на албански јазик и за индивидуалните часови на кои се изучуваат инструменти.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk