Од есенските лисја се прави компост

22.10.2015 08:51 | KumanovoNews

Јавното претпријатије „Чистота и зеленило“ дневно собира две до три тракторски приколки со сиви лисја од централното градско подрачје.

Од есенските лисја се прави компост

Сувите лисја понатаму  во расадникот кај стадионот се користат за создавање  на компост за одгледување на цвеќе.

Суви лисја собираме во центарот на градот и во двата парка. Сега сме уште на почеток, а кога ќе падне првата слана ќе има поголема количина на суви лисја низ градот. Обично кон крајот на октомври и почеток на ноември се собира голема количина на лисја. Но, има и дрвја кои се специфични и чии лисја паѓаат и во текот на зимата - вели Благица Јовановска од „Чистота и зеленило“.

Со распаѓање на сувите лисја се создава компост, со што се стимулира плодноста на почвата и развојот на засадените растенија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk