Од јули поевтин роаминг во регионот, од 2021 се укинува

09.04.2019 08:01 | KumanovoNews

Од први јули годинава цените на роаминг услугите помеѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина ќе се намалат за 27 отсто, а од јули 2021 година целосно ќе се укинат.

Од јули поевтин роаминг во регионот, од 2021 се укинува

Ова е договорено на Вториот дигитален самит за Западен Балкан во Белград, каде ресорните министерства потпишаа договор за почнување на постапката за укинување на роамингот.

Од недела посебно регулаторно тело треба да одржи состанок за да ги утврди намалените цени кои ќе важат од јули годинава, прво на интернетот, а потоа на разговорите и постепено да ги намалува цените се до потполното укинување во 2021 година. Регулаторите и телекомуникациските оператори до 1 јули треба да подготват акциски план и мапа за претстојните активности со прецизирање кој ден што ќе стартува.

Од 1 јули 2017 година Македонците зборуваат поевтино кога патуваат во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, откако стапи во сила третато намалување на цените на роаминг услугите согласно со Договорот меѓу четирите држави од 2014 година. Минута разговор дојдовен повик сега чини 11,6 денари, а пред три години изнесуваше 67,9 денари, за СМС порака сега се плаќа 3,7 денари.

Пониски цени  во роаминг летово ќе се воведат и со Грција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk