Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сто педесет војници од Првата механизирана пешедиска бригада на АРМ ќе учествуваат во мировната мисија ИСАФ во Авганистан.
Механизираната пешадиска чета во наредните шест месеци задачите ќе ги извршува во рамките на контингентот на Армијата на Обединетото Кралство, каде што ќе бидат задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул. Ова е седумнаесеттата ротација на мировната мисија.
Свеченото исраќање се одржа денеска во касарната “Боро Менков“ во Куманово, а на војниците им посака успех министерот за одбрана Зоран Јолевски.
Покажавме дека АРМ на Република Македонија заслужува да биде дел од НАТО алијансата и дека нашата армија и нашата држава е подготвена целосно да ги преземе одговорностите за членство во НАТО. Обуката на нашите војници успешно течеше последните шест месеци и се избрани најспособните војници и воедно правиме консултации за идното учество на Република Македонија во идната мисија во Авганистан која што ќе се дефинира во следните неколку месеци - изјави Јолевски
Некои од војниците одат првпат, а дел веќе имаат искуство и учествувале во мировните мисии.
- Заедно со моите колеги од најразлични единици ќе ги извршуваме задачите кои што ни се зададени во мировната операција. Со тоа ќе докажеме и покажеме дека како армијата на Република Македонија, така и нашата земја е постојано присутна секаде каде што се спроведува мирот и стабилноста. Како за првата, така и за втората мисија имам целосна поддршка од моето семејство - рече Николина Петревски, постар водник од четврти механизиран пешадиски баталјон.
Пред присутните се обрати и командантот на контингентот, Али Хајро кој истакна дека овој армиски состав во изминатиов период е обучен за да одговори на предизвиците кои ги очекуваат.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk