Од куќа украдени пари и златен накит

21.11.2015 13:02 | KumanovoNews

 Од куќа на улицата  ул.„1-ви Мај“ во Куманово непознат сторител украл пари и златен накит.

Од куќа украдени пари и златен накит

Кражбата се случила вчера, додека сопствениците не биле дома. Разбојникот ја прескокнал оградата од куќата сопственост на З.Ш.(53) и на сила ја отворил влезната врата. Влегол внатре и одзел златен накит и 550 евра по што побегнал. При тоа се стекнал со протовправна имотна корист од околу 743.500 денари.Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk