Од Куманово ќе има 6 пратеници, од кои 3 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, по еден од СДСМ, ЗНАМ и Алијанса

28.05.2024 20:18 | KumanovoNews

На Бобан Николовски, Бране Петрушевски и Иван Стоилковиќ од коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Спасовски од СДСМ, Даниел Стојчевски од ЗНАМ и Аљми Азири од Алијансата на Села, им се верификувани пратеничките мандати во Собранието, со што и официјално станаа кумановски претставници во законодавниот дом.

Од Куманово ќе има 6 пратеници, од кои 3 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, по еден од СДСМ, ЗНАМ и Алијанса

Од Липково пратеници се Садула Дураку од ДУИ и Ријад Шакири од Алијанса на Таравари.

Дали сите ќе останат на пратеничката функција или некој од нив ќе замине во извршната власт, како и тоа дали оваа листа на пратеници ќе биде конечна ќе се знае по формирањето на Владата.

Иван Стоилковиќ од ДПСМ се спомнува како министер во идната Влада во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

На денешната конститутивна седница за претседател на Собранието беше избран Африм Гаши од Алтернатива за Албанците.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk