Од Министерството за здравство апелираат граѓаните да не кријат ако патувале во странство

10.03.2020 12:31 | KumanovoNews

 Само заеднички можеме да се заштитиме и да го заштитиме јавното здравје. Јавното здравје е наша заедничка одговорност. Секој од нас може да придонесе за спречување на ширењето на вирусот и е должен одговорно да се однесува, апелираат од Министерството за здравство.

Од Министерството за здравство апелираат граѓаните да не кријат ако патувале во странство

- Доколку сте биле во некој од ризичните региони во северна Италија, останете во самоизолација 14 дена. На тој начин го штитите своето семејство и своите сограѓани. Доколку за време на изолацијата почуствувате симптоми, контактирајте го локалниот центар за јавно здравје.

На властите, на граница или на медицинските лица кажувајте им исклучиво точни информации. Криењето на информации нема да ве заштити ниту вас ниту вашите најблиски. Тоа е неодговорно и кон целото општество.

Одржувајте лична хигиена и почитувајте ги препораките кои во изминатите 14 дена активно ги комуницираме, - стои во известувањето од Министерството за здравство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk