Од ноќеска на полноќ пониски цени на нафтените деривати

25.10.2022 14:24 | Сузана Николиќ

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска донесе одлука да ги намали цените на нафтените деривати од половина до два и пол денари за литар. 

Од ноќеска на полноќ пониски цени на нафтените деривати

Со ова, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за еден денар и ќе изнесува 88,00 денари за литар односно 90,5 денари за литар. 

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден и ќе се продава за 100,5 денари за литар. 

Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 1,50 ден и ќе чини 97,00 денари за литар. 

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,43 денари и еден килограм мазут ќе чини 49,4 денари.

Од РКЕ велат дека трговците на големо и на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk