Од Нова година ќе започне реконструкцијата на градската куќа

21.11.2016 12:21 | KumanovoNews

Куќата на улицата Иво Лола Рибар, во која сега е сместен Клубот на ветерани ќе стане градска куќа.  Во тек е изработка на проектот, по што ќе се обезбеди дозвола за градба од општината Куманово и одобрение за реставрација од Конзерваторскиот центар. Куќата е под заштита на државата како споменик од втора категорија.

Од Нова година ќе започне реконструкцијата на градската куќа

Реконструкцијата најверојатно ќе започне по Нова година. Објектот ќе содржи повеќе простори во кои ќе се смети младински центар а ќе има простор за работа и на невладини организации. Тоа ќе биде мултифункцинална куќа за потребите на разни манифестации и настани, - велат од општината.

 Куќата е во сопственост на општина Куманово, а средства за реконструкција во висина од 200.000 долари се обезбедени од УНДП.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk