Од новогодишниот коктел на СДСМ порачаа: 2015 беше тешка година за Куманово

30.12.2015 10:30 | KumanovoNews

 Традиционален новогодишен коктел за своите членови, симпатизери и пријатели организираше општинската организација на СДСМ. Домаќинот на прославата претседателот Мартин Костовски, кој ги поздрави гостите и им посака среќни празници.

Од новогодишниот коктел на СДСМ порачаа: 2015 беше тешка година за Куманово

Крајот на годината е време кога ги сумираме резултатите за она што сме го сработиле и да видиме до каде сме, а истовремо да ги креираме визиите и плановите на наредната година. 2016 ќе биде пресвртница како за самата партија така и за Република Македонија, - истакна во своето обраќање Костовски.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасоовски смета дека 2015 беше година на сиромаштија, злоупотреби, потценување на македонските граѓани и како таква не треба да се повтори, но за позитивен пример го посочи проектот „Вистината за Македонија“ кој ги обединил граѓаните независно на националната верска и политичка припадност.

Се почувствува една нова енергија во македонското општество. Затоа многу значајно е сега да продолжиме по тој пат, да ја градиме таа енергија, широко да ги отвориме вратите за сите граѓани на Република Македонија кои сакаат да се приклучат на овој фронт - изјави Спасовски.

Градоначалникот Зоран Дамјановски очекува дека 2016 година ќе донесе многу предизвици.

Поминавме една тешка година во историјата на Република Македонија. Кризата од 9 мај, бегалската криза, тешката политичка криза, „бомбите“, од февуари па наваму и се она што го сочинува генералниот проблем на Република Македонија. Ве повикувам сите заедно сплотени во 2016 година да влеземе во еден циклус, што ќе значи демократија, слобода - рече Дамјановски.

Од СДСМ на граѓаните им ја честитаа Новата година со желби за здравје, среќа, успех и посветла иднина за земјата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk