Од октомври лекови на рецепт без ограничување

13.09.2019 11:30 | KumanovoNews

Oд 1. октомври, целосно ќе бидат укинати квотите за лекови на рецепт и пациентите ќе можат лековите во аптека да ги подигнуваат со рецепт и документ за лична идентификација (пасош или лична карта).

Од октомври лекови на рецепт без ограничување

На рецептот потребно е да го има името и презимето на пациентот и матичниот број на осигуреникот на кој му е препишан лекот. Доколку осигуреникот не е во состојба да го подигне лекот, тогаш тоа може да го направи некое негово блиско лице со рецептот на кој ќе биде напишан бројот на личната карта на пациентот.

„Со тоа сакаме да постигнеме пациентите да бидат во фокусот на нашиот здравствен систем. Да имаат снабдување со лекови во секој ден од месецот, за да нема повеќе гужви во почетокот на месецот, пациентите да не бидат во паника дека можат да останат без потребните лекови, а ние да ја зајакнеме контролата во издавање на лековите на рецепт. Со ова ќе се реши повеќедеценискиот проблем со снабдувањето со лекови, нема да има потреба секој 1. во месецот да стравуваат дека ќе останат без лекови“,- изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk