Од петок целосна забрана за движење во шуми

01.08.2012 12:51 | KumanovoNews

  Од 3 август се воведува забрана за влез и движење во шумите за сите физички лица. Забраната ќе важи до следното донесување на нова одлука, а за прекршителите предвидени се високи казни.

Од петок целосна забрана за движење во шуми

Како што информираат од Владата на барање на Дирекцијата за заштита и спасување, обезбедени се 10 милиони денари за исплата на надомест за ангажирани обврзници за гасење пожари, резервни делови и прегледи на авиони и телефонски трошоци. Владата одлучила од задолжителните резерви на нафта и нафтени деривати за гаснење на пожарите да отстапи 28.000 литри бензин БМБ и 98.200 литри дизел гориво.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk