Од петок пад на температурите и дожд

03.09.2019 09:48 | KumanovoNews

Денеска времето ќе биде сончево, а кон запад умерено облачно.

Од петок пад на температурите и дожд

Попладне облачноста ќе се зголеми, а на крајниот запад ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд, со ретки грмежи.

Во наредните три дена, минималната температура ќе се движи од 8°C до 18°C,а максималната температура ќе изнесува помеѓу 25°С до 34°C.

До четврток времето ќе биде претежно стабилно и суво, освен во западните делови каде ќе има услови за појава на краткотраен дожд и поретки грмежи.

Веќе во петок, се најавува повремен локален дожд, а дневните температури ќе бележат опаѓање.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk