Од петок потписи за поевтина струја

04.12.2012 10:15 | KumanovoNews

 Од крајот на неделата па до втората половина на јануари, во просторија до салата за венчавање во Општината, граѓаните со потпис ќе можат да ја поддржат петицијата на “Аман“ за поевтинување на енергенсите.

Од петок потписи за поевтина струја

 Претседателката на УНИТ, Лилјана Георгиевска ги повикува граѓаните да дадат поддршка на иницијативата, бидејќи скапата струја ги засега сите.

Стечајците во понеделниик организирано од состанок ќе одат да се потпишат, да види народот колку не има. Ова е иницијатива на “Аман“ и се надевам дека тие ќе успејат нешто да променат. Ние повеќе од два месеци протестиравме летоска за поевтини енергенси, но подоцна младите си имаа обврски на факултет и протестите прекинаа, но не се откажавме - вели Георгиевска.

Намерата е да се соберат 10.000 потписи и предлог законот на “Аман“ да влезе во Собранието на Република Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk