Од почетокот на годината 135 заболени од грип во Куманово

10.03.2022 16:00 | Жаклина Цветковска

Од почетокот на 2022 година во Куманово се регистрирани вкупно 135 случаи на сезонски грип. Од нив најмногу биле евидентирани во јануари -вкупно 82, во февруари биле потврдени 49 позитивни случаи, а во првата недела од март има четворица новозаболени.

Од почетокот на годината 135 заболени од грип во Куманово

Од сезонскиот грип на подрачјето на Куманово најпогодена е возрасната група од 15-64 години каде се регистрирани 143 заболени лица, а потоа следуваат лиицата на возраст од 5-14 години со вкупно 37 заболени. Сепак, од ова сезонско заболување не се поштедени ниту најмладите, од 0-4 години каде има 14 заболени, како и старите над 65 години со 20 болни.

Инаку, во сезоната 2021/2022 година, според податоците на Институтот за јавно здравје, во Куманово се регистрирани вкупно 214 случаи на грип. Односно,покрај 135-те случаи оваа година, имало 79 заболени и во декември минатата година.

Во текот на 9-та недела од 2022 година , пак, во целата држава пријавени се 17 случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични нагрип,што претставува намалување од 37,0% во споредба со минатата недела.

Во текот на оваа недела во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнале 327 материјали за лабораториско тестирање на грип, при што детектирани се 6 случаи, сите Influenza A несубтипизиран.

Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со 9-та недела од минатата сезона, (n=50) е
намален за 66,0%.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk