Од почетокот на пандемијата од ковид-19 починаа 88 пациенти од Куманово и Липково

29.10.2020 15:19 | KumanovoNews

На Инфективното одделение во Кумановската болница завчера и вчера починаа тројца пациенти од компликации на коронавирус. Станува збор за две жени на вораст од 71 и 65 години од Липковско, и маж на 53 години од Куманово.

Од почетокот на пандемијата од ковид-19 починаа 88 пациенти од Куманово и Липково

Според Центарот за јавно здравје во Куманово за една недела починале 8 пациенти, а досега вкупно 88 пациенти.

Вчера имаше нови 28 случаи позитивни на ковид-19, и тоа тројца се од Липковско и 25 од Куманово.

Од почетокот на кризата Куманово е коронажариште и регистрирани се вкупно 2.187 заболени, од нив 365 се активни.

Капацитетите на Инфективното одделение во Кумановската болница се целосно исполнети и поради големиот наплив на заболени од кронавирус во тек се активности за отворање на ново одделение за хоспитализација на пациенти во зградата каде што се сместени Одделенијата за неврологија и психијатрија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk