Oд полноќ поскапуваат бензините за еден денар по литар

25.08.2025 14:14 | KumanovoNews

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). 

Oд полноќ поскапуваат бензините за еден денар по литар

 Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64 отсто во споредба со претходната одлука.

Новата малопродажна цена на eуросупер БС – 95 ќе изнесува 75 денари за литар, еуросупер БС – 98 ќе се продава за 77, еуродизел БС (Д-Е V) за 68, а екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 67,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за за 0,378 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 38,265 денари.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk