Oд понеделник хронично болните на работа, задолжителен ПЦР тест за косовските државјани

10.09.2020 07:47 | KumanovoNews

 На вчерашната седница Владата на Република Северна Македонија ги усвои предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, хронично болните да се вратат на работа.

Oд понеделник хронично болните на работа, задолжителен ПЦР тест за косовските државјани

 „Вработените лица кои се ослободени од работа врз основа на утврдената листа на хронични болести да се вратат на своите работни места и редовно извршување на работните задачи. Исклучок од ова ќе бидат само лицата (пациенти) кај кои болеста е во фаза на егзацербација (влошување) и за оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на која потврда овие лица ќе користат боледување“,  соопштуваат од Владата.

Бремените жени ќе продолжат да ги користат мерките донесени од страна на Владата.

Исто така, Владата ги усвои предлозите во Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот КОВИД-19, се додадат два нови става.

„Медицинска потврда со негативен резултат од PCR SARS-CoV-2 тест за деца, да се приложува кога детето има над 10 години, државјаните на Република Косово, кои влегуваат на територија на Република Северна Македонија од копнен граничен премин од Република Косово задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CiV-2 тест, направен 72 часа пред влез на територија на Република Северна Македонија и во случај на транзитирање низ државата“, стои во соопштението.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk