Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пајак службата од понеделник повторно ќе биде во функција, најавуваат од јавното претпријатије “Куманово - паркинг“.
Директорот Фадиљ Шабани вели дека сите технички и организациски подготовки се завршени и по неколку месечна пауза пајак возилото повторно ќе излезе на терен.
Неправилно паркираните возила ќе бидат подигнати и ќе се однесат на авто плац Заза на 200 метри пред раскрсницата на влезот на населбата Карпош. Процедурата за враќање на возилото останува иста, што значи, сопствениците на кои ќе им биде подигнато возилото ќе треба да отидат таму, и да ја платат казната. Казните остануваат исти, 2000 денари за однесено возило на депо, а ако се плати на лице место е 1000 денари - вели директорот Шабани.
Тој најавува дека од понеделник ќе работат неселективно и нема никого да толерираат за непрописно паркирање, и затоа ги повикува граѓаните да внимаваат каде ги оставаат своите возила.
Шабани вели дека по расчистување на центарот на градот, ќе ги тргнат и непрописно паркираните возила на периферија, а се планира набавка на уште две нови пајак возила.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk