Од понеделник во аптеките ќе бидат достапни новите лекови од позитивната листа

12.09.2024 10:15 | KumanovoNews

Во аптеките, од понеделник 16 септември, ќе бидат достапни деветте нови лекови кои се додадени на позитивната листа, кои ќе бидат на товар на Фондот за здравство.

Од понеделник во аптеките ќе бидат достапни новите лекови од позитивната листа

Се работи за лекови за висок притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија, како и за деменција.

Лековите што се најдоа на позитивната листа се со генеричко име Prasugrel и Ticagrelor (за крвни болести и против згрутчување на крвта), Nebivolol, Perindopril, Valsartan и Fenofibrate за висок крвен притисок и Escitalopram, Mementine и Duloxetine за третман на депресија и деменција. Која било доза од деветте генерички лекови од кој било производител, за пациентите ќе ја покрива Фондот за здравство.

Проширувањето беше најавено уште во август, кога беше кажано дека на листата се додадени 9 нови генерички лекови, а тоа се 87 лекови во различни имиња и форми.

„Во однос на лековите, ќе биде додадено тоа што најмногу им треба на граѓаните, со што би ги намалиле трошоците на нашите пациенти. Мислам дека Комисијата релативно добро работеше, ќе седнеме да разговараме со нив и да ги избереме лековите кои се најпотребни. Не сакам да ветувам уште колку лекови, но се надевам дека на 3, 4 месеци ќе имаме надополнување од 1, 2, 3 лека. Се надевам дека следното проширување ќе биде после Нова година“, кажа министерот за здравство Арбен Таравари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk