Од понеделник започнува уписот на првачиња

29.05.2020 09:51 | KumanovoNews

Од понеделник во основните училишта ќе се врши запишување на деца во прво одделение. Уписот започнува на 1 јуни и ќе трае до 30 јуни 2020 година. Уписот за учебната 2020/2021 година е за деца родени во 2014 година.

Од понеделник започнува уписот на првачиња

Директорката на Основното училиште „Браќа Миладиновци“ – Куманово, Марина Манојловска, вели дека уписите доцнат еден месец поради здравствената криза со вирусот КОВИД-19, но родителите веќе доставиле барања до нив.

„Моментално, во училиштето има 150 барања за упис во прво одделение. Сепак, мора да се почитуваат мерките за претпазливост со носење на заштитна маска и одржување на растојание од 2 метри. Родителите ќе бидат примени на шалтер од дворот на училиштето од страна на педагог и психолог“, изјави Манојловска.

За упис на првачињата потребни се следниве документи:

• Фотокопија на Извод од матична книга на родени (без нотарска заверка и без разлика на датумот на издавање);

• Потврда за примени редовни задолжителни вакцини, издадена од надлежната здравствена установа;

• Потврда од стоматолошки преглед на орална празнина (издадена од Школска амбуланта, Куманово);

• Документ за идентификација на родител/старател.

(Д.Д.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk