Од постоечки објект ќе се прави нова градинка во Куманово

04.07.2017 15:25 | KumanovoNews

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска најави дека е предвидено да се реконструира постоечки објект во Куманово, со кој би се прошириле капацитетите за прием на деца во градинката „Ангел Шајче“ во Куманово

Од постоечки објект ќе се прави нова градинка во Куманово

Во планот за јавни набавки постои реконструкција на постоечки објект во Куманово. Има потпишани договори кои си течат, изјави Царовска, одговарајќи на новинарско прашање.

Советниците на општина Куманово на барање на надлежните од јавната детска установа „Ангел Шајче“, вчера на седница дадоа согласност за прием на деца во восптините групи над предвидениот законски број.

Директорката на установата, Марина Алексовска информираше дека до завршување на крајниот рок пристигнале околу 600 барања од родителите за упис во јавната општинска детска градинка „Ангел Шајче“ во Куманово.

Интересот на родителите за згриживање на децата во шесте објекти е поголем за 50 отсто од расположливиот капацитет. Во шестте објекти и двата дневни центри за ран детски развој, сместени во две училишта во Куманово има вкупно 1.804 деца, а расположливиот капацитет изнесува 1.044.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk