Од први октомври јавната администрација ќе работи од 8 до 16 часот

30.09.2020 10:15 | KumanovoNews

Јавната администрација од 1 октомври ќе работи со фиксно, наместо како досега со флексибилно работно време, одлучи Владата.

Од први октомври јавната администрација ќе работи од 8 до 16 часот

- Владата донесе одлука времено да ја суспендира одлуката за флексибилно работно време за сите вработени во државната управа. Наместо сегашното работно време од 07:30 до 15:30 и од 08:30 до 16:30, од први октомври за сите ќе важи работното време од 08:00 до 16:00 часот, - информираат од Владата.

Флексибилното работно време беше воведено од 1 септември 2017, а Владата тогаш образложи дека е за да се подобрат условите за вработените во јавната администрација и да се подобри процесот на испорачување услуги кон граѓаните и бизнис заедницата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk