Од ребалансот најмногу ќе трпат улиците и базенот

04.11.2014 15:54 | KumanovoNews

Со ребалансот на општинскиот буџет најмногу средства се скратуваат  од фондот за изградба на улици и затворениот базен, а потоа и од културата, спортот, платите...

Од ребалансот најмногу ќе трпат улиците и базенот

“Од сретствата за изградба на базенот се кратат околу 50 милиони денари, за улиците 52 милиони денари и 13 милиони денари за платите на вработените. Се намалуваат и сретства за: спортот, културни манифестации и од други тековно оперативни трошоци. Ние средствата ги пренасочуваме за во 2015 година, не се откажуваме од овие проекти“ - вели Ирена Илијевска, раководител на сектор за финансиски прашања во општина Куманово.

Сега буџетот изнесува 1.114.000.000 денари и е скратен за околу 300 милиони денари.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk