Од среда полициски час од 23 часот, угостителските објекти да работат до 22.30, предлага Кризниот штаб

03.05.2021 18:23 | KumanovoNews

 Полицискиот час од среда да почнува од 23 часот, а кафулињата да работат до 22.30 часот,  е предложено на денешниот состанок на Главниот координативен кризен штаб, а одлуката треба да биде усвоена на утрешната владина седница.

Од среда полициски час од 23 часот, угостителските објекти да работат до 22.30, предлага Кризниот штаб

„Главниот координативен кризен штаб го поддржа предлогот за измена на времетрањето на забраната за движење и на денешната седница ги разгледуваше предлозите кои ги дадовме. Врз основа на нив предложи на наредната седница на Владата да се усвои одлука за постојните мерки: забраната и посебниот режим на движење да почнува од 23:00 часот до 05:00 часот наредниот ден и времето за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект, само летни тераси, градини, а не во затворениот дел, да биде до 22:30 часот“, објави министерот Венко Филипче.

Летните тераси на кафулињата и кафеаните се отворени од 28 април и сега работат до 20.30 часот.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk