Од средината на февруари пајакот пак ќе „лови„

04.02.2014 12:57 | KumanovoNews

Пајак службата во градот повторно ќе започне со својата работа од средината на месецот.

Од средината на февруари пајакот пак ќе „лови„

Како што информира директорот на ЈП „Куманово-паркинг„ Фадиљ Шабани, на 13 февруари на седница на Совет ќе се донесе одлука со која возилото ќе се отстапи на Куманово-паркинг, по што ќе започнат да го користат.

Откако ќе го добиеме возилото ни отанува да ги завршиме процедуралните подготовки. Колку точно ќе траат не можам со сигурност да кажам, но ќе гледаме да биде што пократко- вели Шабани.

И граѓаните сметаат дека пајакот треба што побрзо да се врати на терен, бидејќи несовесните возачи ги паркираат своите автомобили каде што ќе стигнат без страв дека колата може да му биде подигната. 

Возилото беше тргнато од улиците пред три месеци откако на ЈП „Чистота и зеленило„ и заврши договорот за извршување на услугата кон ЈП „Куманово-паркинг„.

Во меѓувреме Советот донесе одлука со пајак службата да стопанисува само претпријатието што го регулира паркирањето во градот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk