Од УЈП реагираат на изјавите на пазарџиите

06.07.2012 12:22 | KumanovoNews

 Од Управата за јавни приходи, експресно реагираат на изјавата на претставникот на трговците на мало на зелените пазари изнесени на денешните протести во Куманово.

Од УЈП реагираат на изјавите на пазарџиите

 Најодговорно тврдиме дека од последните разговори кои се водеа во 2008 година, па се до денес, од страна на ниту еден претставник, здружение или комора на трговците на пазарите официјално не е побарана средба со даночниците, во ниту една организациона единица на Управата за јавни приходи. Очигледно претставникот на пазарџиите “заборавил“ што договорил во 2008 година, бидејќи сите барања на трговците на зелените пазари од тој период, УЈП целосно ги реализира, меѓу кои и плаќањето на симболични износи на паушален данок кои во Куманово се движат од 12 до 25 денари дневно или од 350 до 750 денари месечно за трговците кои закупиле една тезга. УЈП е подготвена да одговори на сите прашања на пазарџиите, а со цел да не се манипулира со јавноста, јавно го покануваме г-динот Екрем Долек да се изјасни за времето и местото на средба со претставниците на УЈП- се вели во рекацијата на УЈП.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk