Од утре до недела портокалова фаза во цела држава - да се ослободат од работа ранливите категории граѓани

12.07.2023 15:36 | Сузана Николиќ

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат, за превенирање на последиците од топлотниот бран врз здравјето на населението.

Од утре до недела портокалова фаза во цела држава - да се ослободат од работа ранливите категории граѓани

Целата територија на нашата држава ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза и затоа се воведуваат мерки со времетраење од четири дена, почнувајќи од утре: 13, 14, 15 и 16 јули 2023 година (четврток, петок, сабота и недела).

Општите мерки кои треба да се почитуваат се следниве:

Ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како што се - бремените жени и лицата на возраст над 60 години.

Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на  обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика апелира на зголемени контроли од страна на надлежниот Државен инспекторат за труд.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk