Од утре ќе штрајкува и Управата за водење на матични книги, бараат поголеми плати

26.04.2022 11:24 | Сузана Николиќ

Од утре на штрајк ќе излезат вработените во Управата за водење на матични книги. Шалтерите за поднесување барање за издавање на изводи од матичната книга на родени, венчани, умрени нема да работат додека не им се покачат платите, а штрајкот ќе почне од 8 часот наутро. 

Од утре ќе штрајкува и Управата за водење на матични книги, бараат поголеми плати

Независниот синдикат за водење на матични книги напишаа дека се решиле за штрајк оти никој не го вреднува нивниот труд. Ова практично значи дека шалтерите за поднесување барање за издавање на изводи од матичната книга на родени, венчани, умрени нема да работат. 

Од денеска на штрајк од 16 до 17 часот пред Собранието и Владата излегува и администрацијата. Од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) велат дека бараат усогласување на платите во јавниот сектор со минималната плата.

Минималната плата е зголемена, но и натаму во јавниот сектор има вработени чии месечни примања се под износот од 18 илјади денари, законски утврдена најниската плата. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk