Од утре намалување на дневните температури и дожд

24.07.2017 10:15 | KumanovoNews

Утре и во среда ќе има повремено зголемување на облачноста и појава на локален дожд со грмежи, а ќе дува засилен ветер од југозападен правец.

Од утре намалување на дневните температури и дожд

Во четврток врнежи ќе има на повеќе места, а локално ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи.

Дневната температура во следните два дена ќе бележи постепено опаѓање, а позначителен пад ќе има во четврток, кога ќе биде и најсвежо.

Од петок се очекува стабилизација и повторен пораст на температурата на воздухот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk