Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За околу 17.000 ученици во општина Куманово утре почнува зимскиот распуст, кој ќе трае до 21 јануари 2016 година.
Денеска е последниот училишен ден од првото полугодие.
На голем одмор денеска ќе има музика во училиштето, учениците ќе го прослават завршувањето на првото полугодие. За евидентни листови резултатите ќе бидат готови на 5 јануари, а на родителите ќе им бидат дадени во второто полугодие - рече Лидија Тасевска, директорка на „Перо Наков“.
Во основното училиште „Браќа Миладиновци“ исто така денеска ќе биде одбележано завршувањето на ова полугодие.
Во нижите одделенија денеска ќе дојде Дедо Мраз, а во вишите ќе има прослава на Нова година. Оценките ќе ги земат на 11 јануари, како и секоја година - вели директорката Марина Манојловска.
На ниво на држава првото полугодие ќе заврши за околу 270.000 ученици во основните и средните училишта.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk