Од утре повторно ќе се наплаќа паркинг во Куманово

07.05.2020 14:38 | KumanovoNews

   ЈП „Куманово паркинг“ од утре (8 мај) ќе продолжи со наплата на градскиот паркинг, откако денеска Советот на Општина Куманово на вонредна седница ја укине кризната мерка за неплаќање.

Од утре повторно ќе се наплаќа паркинг во Куманово

„Согласно новите мерки паркирањето ќе се наплаќа од 9 до 18 часот. Како што се намалува полицискиот час, така ние ќе го зголемуваме работното време“, - изјави директорот на ЈП Куманово-паркинг, Фадиљ Шабани.

Претседателката на Советот Атина Мургашанска, вели дека мерката за повторно ставање во функција на зонското паркирање е донесена врз основа на тоа што животот се враќа во нормалните текови.  

„Со скратување на полицискиот час и со се` подобрите извештаи за состојбата со коронавирусот и намалената бројка на заболени, се зголемува фрекфенцијата и движењето во Општината, а со тоа се создава и извесен метеж, кој неминовно налага повторно да се врати во функција зонското паркирање“, - изјави Мургашанска.

Мерката да се укине плаќањето на паркингот во Куманово беше донесена кон крајот на март откако беше укинат јавниот градскио превоз се со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните да немаат ограничување во паркирањето и да немаат дополнително финансиско оптоварување.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk