Од утре редуциран возен ред на општинскиот линиски превоз

11.03.2020 16:16 | KumanovoNews

Од утре, општинскиот линиски  превоз ќе се одвива со редуциран возен ред, односно според распоредот кој важи за време на зимскиот и летниот училиштен распуст.

Од утре редуциран возен ред на општинскиот линиски превоз

Одлуката ја донесе Сектор за комунални работи, инфраструктура и сообраќај и заштита на животна средина и природа при општина Куманово, по барање на Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување, кој денеска заседаваше.

- Ги информираме граѓаните дека соглано новонастанатата актуелна состојба со корона вирусот на територија на Република Северна Македонија, од утре во наредните две недели општинскиот линиски превоз на патници на територија на општина Куманово ќе се одвива по редуциран возен ред, односно возен ред кој важи за време на зимскиот и летниот училишен распуст, како една од мерките препорака за превенција за ширење на вирусот, - соопштуваат од Секторот.

Сопствениците на претпријатијата за јавен превоз велат дека редуцираниот возен ред е во согласност со препораките за заштита од коронавирусот, а и превозот не граѓани е намален поради тоа што не работат училиштата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk