Од утре шалтерите на државните институции ќе работат 21.30 часот

31.08.2017 08:12 | KumanovoNews

Шалтерите во Управата за јавни приходи, Царинската управа, Управата за водење матични книги, службите за издавање лични карти и пасоши во МВР и во одделенијата за одбрана на региони со градови и општини во Министерството за одбрана од утре ќе работат во две смени.

Од утре шалтерите на државните институции ќе работат 21.30 часот

Првата смена во овие институции, според одлуката на Владата ќе работи од 7.30 до 14.30 часот, а втората смена од 14.30 до 21.30 часот. Овие шалтери ќе работат и секоја прва сабота во месецот од 8 до 16 часот.

„Одлуката за распоред на работното време во органите на управата е во сила од утре. Двосменското работење треба да се применува во службите на органите на државната управа што имаат непосреден контакт со странки при издавање на лични документи, дозволи и слична документација“,- велат од Министерството за информатичко општество и администрација.

Во управните служби на МВР, односно во управите за фотографирање на патни документи, лични карти, пасоши и возачки дозволи, и досега се работеше во две смени. Разликата е во тоа што втора смена во овие служби досега работеше до 19 часот, а отсега до 21.30 часот.

Шалтерите на УЈП и досега по потреба работеа со продолжено работно време, во периодот од годината кога граѓаните и фирмите поднесуваа годишни даночни пријави. (извор СДК.МК)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk