Од утре се очекува разведрување

22.08.2015 11:20 | KumanovoNews

Денеска не очекува променливо  облачно  и  посвежо  време со повремени врнежи од дожд, кои во западните и источните делови, на некои места се очекува да бидат поинтензивни, соопштуваат од УХМР.

Од утре се очекува разведрување

Попладне во јужните делови ќе има локален пороен дожд со ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец. Утринската температура во земјава ќе биде во интервал од 12 до 20, а дневната од 21 до 28 степени, а УВ индексот ќе има вредност 6.

Од недела следува период на стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk