Од утре започнува пријавувањето на кандидатите за реонски попишувачи и реонски инструктори

19.07.2021 10:09 | Сузана Николиќ

Конкурсот за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и инструктори ќе биде објавен утре, по што  ќе биде активна и апликацијата за електронско пријавување.

Од утре започнува пријавувањето на кандидатите за реонски попишувачи и реонски инструктори

„Ги повикуваме сите заинтересирани, како и сите оние кои се пријавија на првиот повик во март годинава, да ја пополнат апликацијата и да станат дел од големиот пописен тим кој во септември ќе го спроведе долгоочекуваниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија. Придонесот на секој еден од нас во пописните активности претставува придобивка за сите. И како директни учесници во спроведувањето на Пописот и како даватели на податоци – придонесуваме за креирање на една прецизна слика на состојбите во државата во точно определен момент“, соопштуваат од Државен завод за статистика.

Конкурсот ќе трае до 5 август по што ќе следи тестирање, избор и обука на избраните кандидати.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk